Компанијата започнува со традиционално производство на мед, за да низ годините успешно го рашири своето портфолио со џемовите Fioridifruta,природен шеќер Dolced и лешников крем со какао Nocciolata. Сите тие се производи со врвен квалитет кои се едни од најпродаваните во Италија.
Веќе 15г. компанијата го управува сама целиот процес, од одгледување на суровини до пакетирање на финалниот продукт.
Rigoni di asiago е во постојана потрага по совршенство во производството на своите продукти.Тие коистат сопствени лаборатории каде се испитува квалитетот на органските суровини во сите стадиуми на производството при тоа користејќи врвна иновативна и модерна технологија. Високо обучен и специјализиран кадар врши постојано тестирање на суровините пред отпочнување на производството, како и при добивање на финалниот производ. Надворешни незвисни лаборатории вршат повеќе од 100 анализи годишно.
Се користат суровини и овошје кои се одгледуваат на органски фарми. Високо поставените ригорозни стандарди гарантираат висок квалитет на производите .Така Rigoni di asiago ја гарантира и автентичноста на самата марка, нудејќи вкусни производи исклучиво од органско потекло.
Дознај повеќе за Rigoni di Asiago на www.rigonidiasiago.com