Без глутен, без лактоза! Само природни вкусови и бои!

Направено во Швајцарија со многу љубов и грижа.

Историјата на Riccola започнува со пекарот Емил Рихтерих во 1930 година.
Тој тогаш управувал со пекара во Лауфен, која произведувала над 100 различни желе производи и слатки. Еден од првите и најуспешните производи бил „5er Mocken“.

Емил Рихтерих отсекогаш имал страст кон билките и нивната употреба и корист во медицината. Ова е причината зошто му дошла идејата да развие капки за кашлица, која е добра за грлото и има добар вкус.
За оваа капка за кашлица тој создал мешавина од 13 билки. Во 1940 година тој ја измислил оригиналната капка од билка Рикола.
Овој рецепт со 13 билки е интегриран во сите наши производи денес.

Билките кои се користат за "мешавина од 13 билки" имаат две активни состојки: етерични масла и слуз.
За понатамошна обработка се користат различни компоненти на растенијата, како што се цветoт на јагликата или корен од крвавец. Комбинацијата на активните состојки и тајната на таа композицијата ја прават магијата на "мешавината од 13 билки".
Од базовото дрво(боздел) и јагликата се користат цветовите,а темјаниката, верониката(сипун),мачката наставка и ајдучката трева се користат како цветни билки.
Од жалфија и пеперминт се сече билката пред да се развие пупката.
Од слезот, боквицата(тескера) и женската мантија се користат листовите (се сечат пред да цветаат).
Од белиот слез и крвавецот се користат корените.

Билките Riccola се одгледуваат на еколошки начин,без употреба на хемикалии и вештачки ѓубрива,во сколоп со природата. Билките се берат веднаш штом ќе го достигнат највисокото можно ниво на активни состојки и арома,а потоа се транспортираат за сушење.

Така Riccola постојано растеше, за денес да стане меѓународно претпријатие со седиште во Лауфен.
Сепак, Riccola останува независен семеен бизнис кој е воден од четвртата генерација на Рихтерих.
Денес, повеќе од 500 вработени работат за Riccola ширум светот, од кои 430 во Швајцарија.
Дознај повеќе

Дознај повеќе за Ricola на www.ricola.com