Во 1826 год, Пол Кафарел ја отворил својата лабораторија во Торино и тука се зачетоците на една од првите фабрики за чоколадо во Италија и Европа. Во тоа време многу малку луѓе слушнале за чоколадо,а уште помалку го пробале. Но, благодарение на Пол Кафарел градот брзо прераснува во престолнина на прозводството на чоколадо.
Џандујото (Gianduiotto) се раѓа во 1865г. Тоа е најпрочуениот производ на Кафарел. Џандујоти е комбинација од какао и печени пиемонтски лешници, каде во самото прозиводство се користи уникатен метод која се нарекува „екструзија„.
Испреплетувајќи ги традициите со иновацииите,Кафарел го создава и Пиемноте. Тоа е вистинско чоколадно задоволство, комбинација на кадифено нежна чоколада Џандуја и крцкави цели лешници со висок квалитет.
Меѓутоа во производството на чоколади и чоколадни десерти иновативноста нема крај.Така од 1990 г. Caffarel се фокусираат и во производството на чоколадни бонбони,кои го имаат истиот врвен квалитет на добро познатите Caffarel чоколади.
Во Caffarel се користат високо квалитетни италијански лешници и квалитетни какаови зрна, за да се добијат неверојатно вкусни чоколадни десерти.
И денес во производството се запазува истата занаетчиска култура која ја внел Пол Кафарел во неговата фабрика во 1826г. Уникатниот метод во прозиводството на Џандујото наречен екструзија, е начинот по кој се создава мајстортството во занаатот во прозиводството на чоколади, со цел да се добие таа фина кадефена текстура. Вниманието кон деталите и кон високиот квалитет на прозиводите го прават Caffarel во еден перфектен чоколаден подарок!
Инкофудс Доо Скопје е официјален дистрибутер на Caffarel!
Дознај повеќе за Caffarel на www.caffarel.com