Marzipan with Love – since 1806

Niederegger – Традиција и квалитет низ 8 генерации

Niederegger е фамилијарна компанија со долгогодишна традиција во производство на висококвалитетен марципан. Основана е во 1806 година и како марка брзо се етаблира на европскиот пазар. Во 1856 година, производите на Нидерегер стигнале до дворот на руските цареви, каде секоја кутија ги носела иницијалите на основачот, Јохан Георг Нидерегер. Во 1871 година било отворено првото caf? Niederegger, кое станало амблем на компанијата. Две години подоцна, во 1873 година, марципанот Niederegger добил меѓународно признание, освојувајќи награда на Светската изложба во Виена.

Во 1908 година, компанијата станала официјален снабдувач на дворот на германскиот кајзер, а во 1927 година го претставила своето лого, кое останува симбол на квалитет и софистицираност до ден денес. Иако caf? Niederegger било уништено од бомбардирањата во 1942 година, сепак во 1948 година било повторно изградено на истата локација, зачувувајќи го притоа духот и традицијата на самата марка.

За производите

Марципанот Niederegger е направен од 100% чиста, фина паста од марципан, обезбедувајќи уникатен вкус и висок квалитет. Во модерниот производствен објект во Лебек, Германија, над 500 професионалци работат со особена грижа и голема посветеност во создавање на врвни производи од марципан. Со производствен капацитет од 30 тони дневно, процесот беспрекорно ја комбинира долгогодишната традиција со модерната технологија за да ги задоволи високите очекувања на клиентите.
Денес, марципанот Niederegger се извезува во повеќе од 50 земји во светот, претставувајќи ја компанијата како глобално признат симбол на квалитет и префинетост.
Дознај повеќе

Дознај повеќе за Niederegger на www.niederegger.de/en/