Фабриката Мерба започнува со работа уште во далечната 1920 година како индустриска пекарница и како таква опстојува и до денес. Со голем акцент на иновациите и развојот,со текот на годините фабриката расте се повеќе и повеќе. Фабриката Merba се наоѓа во Холандија до Oosterhout и нивните колачиња се продаваат во повеќе од 60 земји низ целиот свет.
Произведува низа колачиња во американски стил, како и традиционални холандски колачиња.
Мерба е најголем производител на висококвалитетни колачиња во Европа.
„Поради нашите напори за континуирано проширување на нашиот производствен капацитет со фокусирање на диференцијација и оптимизација на нашите производни процеси, ние сме во состојба да го зголемиме нашиот квалитет и ефикасност. Иако снабдуваме големи количини колачиња ширум светот, Мерба останува флексибилна во однос на различните спецификации на производи за рецепт, големина, тежина и материјал за пакување. Оваа флексибилност можеме да ја постигнеме со напредна машинерија и опрема комбинирана со нашиот добро обучен персонал “.
Мисијата на Мерба е да произведува високо квалитетни пекарски производи, претежно под приватна марка и со добар однос цена-квалитет. „Ова го постигнуваме со автоматски и роботизиран проток на процеси и модерен машински парк . Ние се фокусираме на намалувањето на работната сила во комбинација со високиот обем на производство, нашиот растечки пазар за извоз и нашите високи стандарди за квалитет, безбедност на храната и одржливост “
За да Ви помогнеме да ја персонализирате содржината, да го прилагодите своето искуство, а со тоа да ни помогнете нам да го подобриме квалитетот на нашите услуги, Инкофудс Доо користи сопствени колачи и колачи од трети страни.
Пребарувајќи по нашата Web страна прифаќате и ни дозволувате употребување на колачиња во согласност со нашата
Политиката за приватност и
Политика за колачиња