Nissin Foods е основан во 1948 година од страна на Момофуку Андо. Соочен со недостиг на храна во Јапонија по Втората светска војна, Момофуку го создава инстантниот нудл.
Во 1966 година тој ги создава и првите нудли во чаша во светот. Основната мисија на брендот е: - да создаде нова култура на исхрана обезбедувајќи достапни прехранбени производи за уживање на корисникот - да му обезбеди на корисникот вистински јапонски/азијатски инспиративни вкусови. Азиската кујна станува с? попопуларна во Европа. Nissin Foods го пренесува вкусот на Азија во домот на корисникот. Nissin Europe ги произведува своите производи во Кечкемет, Унгарија. Унгарската фабрика ги набавува своите суровини главно од Европа, што го прави квалитетот на производите на повисоко ниво.
Nissin е симбол на висок квалитет и уникатен вкус во категоријата производство на инстантни нудли.
Постојат два типа на подготовка на нудли - Wok style и Ramen style.
Wok style се нудли подготвени со сос. Нудлите се цедат и се додава сос.
Ramen style се нудли во форма на супа. Кај нив водата не се цеди, туку се додаваат зачини за да се добие ароматичен бујон.
Нудлите во чаша и Соба чашите се лесни за подготовка, вкусни и погодни за консумација во движење. Соба пакувањата се погодни за јапонско јадење подготвено дома, самостојно или со додадени состојки кои одговараат на индивидуалниот вкус.
Дознај повеќе
Дознај повеќе за Nissin на
www.nissin.com