Аркор е водечка индустриска мултинационална компанија и е еден од симболите на постојан раст и иновации. Аркор е основана на 5 јули 1951 година со отворањето на својата прва фабрика за слатки во Ароито, мал град во срцето на Аргентина, кој се наоѓа во провинцијата Кордоба.
Компанијата е специјализирана за производство на кондиторски производи, бисквити и крекери, чоколада, сладолед и други прехранбени производи.
Аркор има 47 производствени бази во Аргентина, Бразил, Чиле, Мексико и Перу, што ја прави компанијата глобален лидер, извезувајќи ги своите производи во повеќе од 120 земји ширум светот.
„Ние користиме само состојки со највисок квалитет и ги произведуваме нашите производи според најстрогите стандарди. "
КРЦКАВИ КРЕКЕРИ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ.
Hogarenas e линија од вкусни и крцкави крекери , кои се идеална ужинка во секој дел од денот. Достапни во неколку вкуса, со семки и житарки, со Омега 9 и 0% трансмасти и холестерол.
НАЈВКУСНИТЕ ОСВЕЖУВАЧКИ БОНБОНИ НА ПАЗАРОТ.
Аркор е најголемиот производител на тврди бонбони во светот.
Брендот Menthoplus се раѓа во 1973 година и расте од година во година благодарение на растот на своето портфолио.
Во текот на изминатите неколку години, стана лидер на пазарот од ваков тип на бонбони и и освежувачи на здив. Во 2015 година, ја преформулира својата редовна линија со зголемување на ментолот и додавање на пектин, кој помага да се освежи и омекне гласот.
Брендот моментално е присутен во Аргентина, Парагвај, Уругвај, Боливија, Чиле, Еквадор и Централна Америка.
Дознај повеќе за Arcor на www.arcor.com