Во 2015 година, компанијата инвестира во нови производствени линии,со кои веќе започнува да влегува во сосем нова категорија - пекарството.Како последица на таа инвестиција е лансирана новата и уникатна крем пита KARUZO,а компанијата бележи значителни растови и открива нови перспективи.
Во 2017 година е направено дополнително обновување на производствените капацитети по што следи и проширување на портфолиото со уште една нова марка - Брускети Krambals. Денеска, ТHE BAKERS e многу добро позната компанија на домашниот пазар и успешно извезува над 60% од своето производство на пазарите во Европа, Средниот Исток и САД.
Ние создаваме производи полни со вкус и индивидуалност, коишто создаваат задоволство и емоција на крајните потрошувачи, како и додадена вредност за нашите партнери.
Нашата нова фабрика одговара на највисоките европски стандарди за квалитет и безбеднот, создава одлична работна атмосфера и гарантира постојан висок квалитет на нашите производи.
Ние веруваме дека квалитетот без компромис е најважната причина и гаранција за постигнување на вистинска вредност во се што правиме.
Дознај повеќе за The Bakers на thebakerscompany.eu