Вкусот на домашно приготвените десерти останува тајна

 Алфонс Лоакер ја основал својата фабрика во 1925г. Со тек на време малата слаткарница прераснува во бренд, нудејќи прозиводи кои ги консумираат луѓе во повеќе од 100 земји. Loacker ги произведува и пакува своите чоколади и вафли во срцето на Доломитите, применувајќи високи стандарди за квалитет.

Секогаш се стремат да понудат на своите потрошувачи ширум светот, палета на прозиводи со висок квалитет. Затоа постојано се усовршува марката Loacker, за да се задржи долгорочно епитетот за бренд со висок квалитет користејќи само природни суровини во производството. Ова е од таму што само кога се користат природни суровини може да се постигне врвен квалитет на чоколадите и вафлите, затоа и брендот се држи до тој принцип.

Тајната на неверојатниот вкус на производите на Loacer и неговиот успех,се должи најмногу во користењето на висококвалитетни италијански лешници, стапчиња ванила од о.Бурбон, малини одгледани на домашни плантажи, висококвалитетно какаово зрно, фино чоколадо Loacker направено по традицинални рецепти,при тоа користејќи природно млеко од срцето на Алпите и природна изворска вода. Со гаранција не се користи хидрогенирани масти во производството на специјалитетите на Loacker.

Во производството на чоколади се користат традиционални рецепти кои датираат уште од самите почетоци во создавање на Loacker, во кои се користат какао,масло,какаова маса,шеќер и млеко во прав за млечните чоколади при што состојките се со висок квалитет.

Tестото за крцкавите вафлени кори се приготувава по таен семеен традиционален рецепт и се печат до класични фурни за печење на вафли. Оттаму и се проткајува вкусот на домашно приготвени слатки во богатат палета на вафлени производи на Loacker.

Дознај повеќе

Дознај повеќе за Loacker на www.loacker.com